ОТКАДЕ ДОАЃААТ ОБЛАЦИТЕ

Препев од српски: Светлана Христова-Јоциќ

 

Облаци. Преиспитуваш, го вагаш небото.
Да се долови,
Што, како? Гледаш угоре – се налуњува.
Го одредуваш правецот на дувањето.
Претставуваш
треперење, свивање. Сонуваш надоаѓање. На што?
Кога? Дали?
Откаде доаѓаат облаците? Само оние што
прашуваат
можат да дознаат.

 

ГАТАЊЕ ВО МЕЃУВРЕМЕ

За два дена, две недели
Два билиони денови
Зеленост-сезеленост
Сe уште не
но ќе долетаат
Не гледам
Моите очи – зад мене
Како да ги препознам
ако се сретнеме
Не гледајте ме ококорено
ако од спиралата направам круг
Купете шарени шамии
шарени чадори
Обвивткајте ги со нив покривите
шарени чорапи
Исцепајте сe
најшарено
Така не ќе забележите
дали ластовиците стигнаа
или не 
или не
не земајте бои
За два, за два дена
билиони денови
Зеленост-сезеленост

 

ПУШТЕТЕ МЕ ДА ОДАМ

Пуштете ме да одам
Картите се отвараат
Зумбулите воздивнуваат кисело
Птицитe статираат
неејќи тажаленки
во немите филмови
Крокодилите ги награзивуваат
моите триаголници шестари
ги черечат
штафелајот и платната
Мравите
во својата земјена сала
го закачиле и мојот автопортрет
Пуштете ме да одам
Пуштете ме да одам

Некои празни згради
зинуваат од наслушнување
Настанати зборови
ме чекаат под мостовите
со Сонцето што заминува
Портокалови луѓе
во страв прашуваат
донесувам ли заразни болести
некои прашливи фенери
светат со моите очи
Пуштете ме да ги исчистам
да ги скршам
Пуштете ме да заминам.
Престанете со препеглување
Тешко u е на месечината
Насмевките истекоа
Нацртајте решетки на образите
Измислете нешто грдо
Неизмисливо
И подарете ми го за роденден
Сосема ви проштевам
сe и нешто
Само едно ве молам
Пуштете ме да заминам
и не вплетувајте во тоа
нежнозборје и синолички
поленов прав
деца и џамлии
Не гнасете ги со моето заминување
Црвениот пес на скитијата
ми изјавува љубав 
Патиштата сакаат
Уште некое камче за клоцање
Еден играч не достига
за тоа само јас знам
Светот е во опасност
Ќе го уништам Ноевиот ковчег
За да му помогнем
Пуштете ме:
Со смеа да тркалам
некои други ридови
туѓи тролејбуси и тротоари
Пуштете ги моите ластовици
да умрат од некоја туѓа зима
Пуштете ме да одам
Пуштете ме да одскитам

На небото ги бодуваат
само заминувањата.

 

(„Беседа„, год. XIV, бр. 37-38, Куманово, април 1987)  

 

 

 

 

ЗГРВАЛИШТЕ

И збои ја месечината во виолетово
и потем навлечи облак
за да изгледа таинствено.
Расфрлај ги антените од својот кров,
истерај ги ластавиците,
нека веќе не доаѓаат.
Сe некаде згрвали.
Биди владетел на урнатини.
Во партали појди на исповед.

 

ПЛОДОВИ

Гладува семирот.
Ѕвездите просат.
Жеднеат планетите оголени.
А таму покрај одат жени
Носејќи во своите срца
плодови.
Плодовите би го нахраниле семирот.
Плодовите нешто
би им поделиле на ѕвездите.
Плодовите би ја изгласнале жеедта
на оголените планети.
Но плодовите
не се за небото.
Жените ги намениле
на гробовите.

 

ВРЕМЕТО СТОИ

Времето стои
а јас минувам.
Секој ден избива
некоја друга сенка од мене.
Деновите се таложат
во огромна тиња
која најнакрај
ќе ги затрупа сите мои сенки.
Луѓето заминуваат
во своите стаклени кафези,
обидувајќи се да ме допрат.
И јас се обидувам да ги допрам.
А времето, времето стои.

(„Студентски збор„ , 31 декември 1985, број 985-986)